Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 1500 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Брашното е мала наука само по себе. Тоа зависи од квалитетот на зрното и степенот на мелење. Житото кое ситно се меле во мелницата на Bauckhof е висококвалитетна пченица со Demeter квалитет. Доаѓа од биодинамични фармери, по можност од северна Германија кои играат активна улога во одржувањето и промовирањето на плодноста на почвата и заштитата на животната средина во регионот. 100% органско земјоделство, тоа е јасната цел во Bauckhof - и секогаш кога е можно биодинамично, бидејќи тоа е најдобриот органски стандард. На овој начин, едноставното пченично брашно станува висококвалитетно пченично брашно Demeter тип 550, кое е совршена основа за подготовка на тартови, колачи, пици, леб и кифлички и е идеално за згуснување на сосови и супи. Користете го пченичното брашно за подготовка и на солени и на слатки јадења. Уживајте во вкусниот домашен резултат!
- Погодно за вегани
- Погодно за вегетаријанци
- Незасладено брашно
- Со лесен вкус
- Идеално за подготовка на фини пецива
- Стандарди за квалитет: Demeter, органско лого на ЕУ, асоцијација FairBio koja e симбол за регионално одгледување, фер цени и трговија
Наш совет за рецепт: Швајцарски леб со сирење
Потребни состојки: 500 g пченично брашно тип 550, 1 лажица сол, 2 коцки квасец или 1 пакетче сув квасец, 1 лажичка мелен црн пипер, 250 ml млако млеко, 50 g мек путер, 200 g рендано сирење Ементал. Растворете го квасецот во млако млеко. Сите состојки се матат со рачен миксер се додека не се добие мазно тесто. Покријте со крпа и оставете тестото да нарасне на топло место околу 30 минути. Потоа повторно добро замесете. Формирајте тркалезно лебче и однадвор превртете го во брашно. Се ставаат на плех обложен со хартија за печење и се остава на топло место уште 45 минути. Исечете го лебот напречно 2cm длабоко одозгора и печете го во загреана рерна на 180 °C околу 50 минути се додека не порумени и добие крцкава кора.
Состав: Пченично брашно од биодинамично земјоделство.
Може да содржи траги од други житарици кои содржат глутен, јаткасти плодови и сусам.
Алергени: Пченично брашно.
Складирање: Чувајте на ладно и суво место. Брашното и тестото не се наменети да се јадат сирови и мора секогаш да бидат темелно загреани.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1474 kJ/348 kcal
Масти: 1,1 g
од кои заситени: 0,2 g
Јаглехидрати: 72 g
од кои шеќери: 1,1 g
Растителни влакна: 3,5 g
Протеини: 11 g
Сол: < 0,01 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар